Дома Фудбал Мурињо „удри“ по Арбелоа: Денес тренери кои ништо не направиле водат големи клубови

Мурињо „удри“ по Арбелоа: Денес тренери кои ништо не направиле водат големи клубови

Поранешните шампиони на Европа, тимовите на Бенфика и Реал Мадрид, ќе се соочат наредната среда во Лисабон во рамки на Лигата на шампионите. Натпреварот е закажан во 21 часот и ќе биде последно коло од групната фаза на турнирот.

Реал стартува како третопласиран на табелата, додека Бенфика е на 29-то место и ѝ потребна е победа за да си обезбеди пласман во плејофот на Лигата на шампионите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тимот на Бенфика го води португалскиот тренер Жозе Мурињо, кој претходно ја имаше водено екипата на Реал. Мурињо отворено го критикува неговиот колега од Реал, Алваро Арбелоа, кој без претходно искуство во сениорскиот фудбал стана тренер на еден од најголемите клубови во светот по заминувањето на Чаби Алонсо. Интересно е тоа што Мурињо го тренираше Арбелоа како играч во времето кога беше тренер на Реал.

“Има луѓе кои немаат ништо постигнато во својата тренерска кариера, но сепак добиваат водство на големи клубови. За мене е изненадување кога тренери без искуство добиваат шанса во големи клубови. Некогаш мислев дека најдобрите тренери се тие кои најмногу победи и трофеи освојуваат.

Меѓутоа, сега тоа не е случај. Најуспешно минуваат тие кои знаат да создадат најдобар впечаток за себе. Некои тренери се обидуваат и не успеваат. Тогаш велат дека ги дале животите за своите идеи. Ако животот ти е залог за идеи, тогаш си будала”, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Охрид: Ги повикуваме сите да ги објават доказите за нерегуларности!

Ситуацијата со тимот на Охрид продолжува да биде тема во јавноста, сега се огласија и охрѓ…