Дома Останати Mozzart со донација за здравствените работници во Институтот по белодробни заболувања Козле

Mozzart со донација за здравствените работници во Институтот по белодробни заболувања Козле

Продолжуваат хуманитарните акции на компанијата Mozzart Bet, која периодов обезбедува и организира испорака на свежо овошје за медицинскиот персонал кој е директно инволвиран во борбата против коронавирусот.

Овој пат донацијата е наменета за Институтот по  белодробни заболувања кај децата – Козле, кој од средината на јуни, хоспитализира и возрасни пациенти со Ковид-19. Досега компанијата Mozzart Bet има испорачано повеќе од 2 тони свежо овошје, наменето за болниците ширум државата. Овие акции кои се насочени кон македонското здравство, имаат за цел поддршка и подобрување на условите за работа на нашите херои – здравствените работници кои водат деноноќна борба со коронавирусот.

„Ваков гест во овие моменти навистина многу ни значи, особено затоа што гледаме дека нашите напори се ценат, а тие се навистина многу големи. Пакетите свежо овошје сигурно добро ќе ни дојдат после напорниот ден. Голема благодарност до компанијата Mozzart, со која и претходно имавме соработка и реализираше донација во нашата установа.“ – изјавија од Институтот по белодробни заболувања Козле.

Од Mozzart велат дека оваа акција ќе продолжи со реализација и во наредниот период во болниците ширум цела Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот.

„Оваа донација е само уште една во низата акции на компанијата Mozzart, која на овој начин продолжува со својата мисија да даде поддршка на нашите херои – здравствените работници, кои битките за човечки животи деноноќно ги водат под визири и скафандери во повеќемесечна борба. Компанијата Mozzart од појавата на вирусот во нашата држава организира општествено одговорни акции, помагајќи го здравствениот систем со донации, а сега дел од пакетот помош за борба против ковид го насочивме директно кон здравствените работници. Продолжуваме и понатаму со реализација на овие акции во болниците низ државата.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.

На предавањето на донацијата присуствуваше и претседателот на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), во која членува компанијата Mozzart.

„Оваа хуманитарна акција на Mozzart е само уште една потврда на општествената одговорност која ја има АСОМ и нејзините членки кон заедницата. И во мигови кога имаме редовно работење и во мигови кога сите се соочуваме со кризата со Ковид-19, тука сме ние, како Асоцијација и нашите членки да ја дадеме целосната поддршка на здравствениот систем, но и на пошироката заедница и граѓаните, онаму каде што е потребно.“ – изјави Васко Илијевски, Претседател на АСОМ кој присуствуваше на предавањето на донацијата на Mozzart.

Моzzart досега донираа повеќе од 50.000 евра за борба против пандемијата на коронавирусот, а реализираа и многу други акции, меѓу кои набавка на заштитни средства, пакети со храна и донација на телевизори наменети за повеќе установи низ државата.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Легендарните „Џорданки“ на аукција. Погледнете ја цената! 📷

Единаесет пара патики кои ги носеше Џордан на неговите натпревари се ставени на аукција. П…