Дома Останати Mozzart за секој гол на Македонија на Европското Првенство донира милион денари

Mozzart за секој гол на Македонија на Европското Првенство донира милион денари

Милион причини за гол на Македонија на Европското Првенство во фудбал. Mozzart за секој гол на Македонија на Првенството донира милион денари!

Македонската фудбалска репрезентација испиша историја и во јуни оваа година за прв пат ќе игра на Европското Првенство во фудбал. Еуфоријата расте и цела Македонија со нетрпение ги очекува натпреварите на кои со цело срце ќе ја бодри нашата репрезентација.

За целата оваа фудбалска бајка да биде уште поубава, се погрижи Mozzart. Компанијата за секој гол на Македонија на првенството, донира по МИЛИОН денари во хуманитарни цели.

Акцијата „Милион причини за гол“ ја поддржа македонската фудбалска легенда Дарко Панчев. За секој постигнат гол на Македонија, а се надеваме дека ќе бидат многу, Mozzart ќе донира милион денари, а токму Панчев ќе определи каде ќе се насочи донацијата. Помошта ќе оди онаму каде што е најмногу потребно.

„Ми претставува огромна чест што сум дел од ваков голем проект на компанијата Mozzart . Со нетрпение го очекуваме стартот на првенството, ќе ја бодриме нашата репрезентација, но овој пат ќе имаме и дополнителна причина за уште посилно да навиваме за погодок на селекцијата. Се надевам дека ќе има повеќе голови, а со тоа и повеќе собрани милиони кои ќе се донираат во хуманитарни цели.“ – изјави Дарко Панчев.

Инаку, компанијата Mozzart е препознатлива по општествено одговорните активности, а досега, покрај редовните хуманитарни акции како што е кампањата „Нови дресови за нови шампиони“ и „Хуманитарниот тикет за викенд“ има реализирано бројни акции наменети за различни институции, организации и поединци.

Да навиваме за Македонија! Нашата репрезентација има милион причини да даде гол!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Прајс само четврта, Томпсон Хера со национален рекорд до злато на 200 метри!

После двојната победа на спринтерките на Јамјка на 100 метри, по четврти пат на последните…