Дома Останати Mozzart ги обедини Меси и Роналдо: и Лео испрати потпишан дрес за малиот Гаврило!

Mozzart ги обедини Меси и Роналдо: и Лео испрати потпишан дрес за малиот Гаврило!

Двете најголеми фудбалски ѕвезди на денешницата се обединија во борбата за победа на Гаврило!

По Роналдо, и Меси испрати потпишан дрес за хуманитарната акција како би се собрале средства за лечење на осуммесечното бебе кое боледува од спинална мускулна атрофија. Компанијата Mozzart, во соработка со организацијата „Заедно за живот“, веднаш постави уште едно многу вредно парче опрема на Limundo и изнесе почетна понуда од милион динари за „десетката“ на Барса со посвета „para Gavrilo”.

Mozzart блaгодарение на неговиот соиграч од Барселона, Миралем Пјаниќ и фудбалските менаџери од агенцијата LIAN Sports,Никола Дамјанац и Фали Рамадани, успеа да го повика Меси да се приклучи на акцијата!

На Гаврило му се потребни уште околу еден милион евра за најскапиот лек на светот, па дресот на Меси пристигна во вистинско време – да продолжи низата на хуманитарни акции и да ја продолжи надежта за победа на Гаврило… Таа е разгорена по благородниот потег на пожарникарот Ѓорѓе Вукичевиќ, кој на лицитација ја стави капитенската трака на Роналдо, која беше фрлена на атлетската стаза на Маракана по непризнатиот гол на португалецот на натпреварот против Србија. Компанијата Mozzart го купи капитенското одличје на првата ѕвезда на европскиот шампион и уплати повеќе од 7.5 милиони динари на сметката на Гаврило во фондацијата „Биди хуман“.

Главна цел беше да се разбуди општествено одговорната свест и кај други поединци, компании, организации, а лицитациите продолжија – Стефан Митровиќ ги подари своите копачки и дрес од добро познатиот натпревар на Маракана, Александар Митровиќ исто така својот дрес…

Штафетата на хуманоста потоа стигна до самиот Роналдо, кој испрати потпишан дрес на Јувентус, а истото тоа потоа го направи и неговиот најголем ривал Меси! Кон оваа тимска игра за малиот Гаврило од недела во недела се приклучуваат сè поголем број асови со големо срце.

Во Mozzart се надеваат дека лицитацијата за дресот на Меси ќе има голем одзив, а на кој уште начин може да се помогне на Гаврило прочитајте овде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ има нов спаринг партнер, синот Стефан🎥

Новак Ѓоковиќ моментално е во Мајорка каде се спремна за претстојниот Вимблдон, каде ќе би…