Дома Фудбал Moта „преживеа“ во Јувентус, но доби два услови кои мора да ги исполни за да остане

Moта „преживеа“ во Јувентус, но доби два услови кои мора да ги исполни за да остане

Управата на Јувентус му даде поддршка на тренерот Тијаго Мота по серијата слаби резултати, но му постави минимални цели за останување во клубот, пренесоа денеска италијанските медиуми.

Навивачите на Јувентус го губат трпението поради лошите резултати од почетокот на годината, но засега нема ризик од отпуштање на тренерот, пренесе “Газета дело Спорт”.

Црно-белите победија само еднаш во седум натпревари во сите натпреварувања од почетокот на годината и врзаа два пораза, од Наполи во првенството и Бенфика во Лигата на шампионите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Газета пренесе дека директорите на клубот сѐ уште имаат доверба во Мота, кој потпиша тригодишен договор минатото лето. Овој весник наведе дека управата е свесна дека на Мота му треба повеќе време да ја изгради екипата од бројни млади и нови играчи, но му постави минимум барања кои мора да ги оствари оваа сезона.

Во Јувентус очекуваат дека тимот ќе се пласира најмалку во осминафиналето на Лигата на шампионите оваа сезона, а за пласман во таа фаза ќе се натпреваруваат против ПСВ.

На Мота, исто така, му беше поставен и услов тимот следната година да се пласира во најелитното европско натпреварување.

Јувентус, по 22 одиграни кола, е петти во Серија А со 37 освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал му зададе уште еден тежок удар на Ливерпул: „Нема да ви дадеме 25 милиони, тој доаѓа кај нас бесплатно“

Реал Мадрид ова лето беше особено активен на пазарот кога станува збор за нови засилувања,…