Дома Фудбал Момент кој најдобро покажува: Пеналот на Атлетико со право бил поништен! (Видео)

Момент кој најдобро покажува: Пеналот на Атлетико со право бил поништен! (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид после подобро изведување пенали синоќа го елиминираа Атлетико Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите, а голема полемика настана откако судијата Шимон Марчинјак го поништи погодокот на Јулијан Алварез во втората серија.

Алварез го совлада Тибо Куртоа и израмни на 2:2 во серијата на пенали, но потоа од ВАР собата го контактираа Марчинјак, кој на крајот го поништи погодокот, а веднаш потоа Федерико Валверде го доведе Реал во предност со резултат 3:2.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Многумина гледачи преку телевизиските екрани, како и сите оние на стадионот, останаа во чудење зошто Полјакот одлучи да го поништи голот на Алварез кој на прв поглед изгледаше сосема исправен.

Имено, Аргентинецот при шутот со двете нозе ја допре топката. Точнее, со десната нога шутна, а топката го закачи врвот на неговата лева копачка.

Иако тој контакт беше невидлив на око, во ВАР собата го забележаа на успорената снимка, и Томаш Квиатковски му сугерираше на Марчинјак да го поништи, и тој на крајот ги следеше правилата и прогласи погодокот за неважечки.

На крајот, Реал на пенали славеше со 4:2 и се пласираше во четвртфиналето, каде што ќе игра против Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ваква атмосфера нема ниту во Прва лига – третолигашкото дерби меѓу Ударник и Победа Валандово го гледаа над 1.000 луѓе! (Видео)

Фудбалските стадиони во Македонија не можат да се пофалат со голема посетеност, реткост е …