Дома Фудбал Милевски: Додека сум јас тука, никого нема да потцениме!

Милевски: Додека сум јас тука, никого нема да потцениме!

Македонската А репрезентација утре од 18:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречека Лихтенштајн во рамки на квалификациите за Светското првенство. Нашиот национален тим ќе се обиде да стигне до домашна победа во циклусот, по реми натпреварите со Велс и Белгија.

На официјалната прес-конференција селекторот Благоја Милевски истакна дека Македонија е фаворит на хартија, но предупреди дека тоа мора да се докаже и на теренот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Сите играчи се здрави и подготвени. Имаме максимален респект за Лихтенштајн и воопшто нема да биде лесно. Додека сум селектор, никогаш нема да потценам ниту еден противник. Нашата цел е јасна, три бода кои се исклучително важни во моментов, Задоволен сум од изданието на фудбалерите кои дебитираа против Саудиска Арабија. Лука Станковски, Елмин Растодер и Решат Рамадани покажаа дека имаат квалитет и се разбира дека сметаме на нив и на натпреварите за бодови, рече Милевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вчера го видовме едно од најголемите понижувања во Лигата на шампионите!

Во еден од најсрамните моменти во историјата на Лигата на шампиони, менаџерот на Тотенхем,…