Тимот на Металург денес запиша пораз во натпреварот од осмото коло од Лигата на шампионите против Бешикташ со резултат 22:23.
Металург добро го отвори натпреварот и неколку пати стигнуваше до предност, за во продолжение домаќинот да направи предност и да стигне до максималната предност од три гола разлика 9:6.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимот од Автокоманда не се откажа, па до полувремето успеа да изедначи на 12:12.
И во вторите 30 минути гледавме слична игра, на крајот победата ја однесе турскиот тим со 23:22.
Најдобар стрелец на натпреварот беше ракометарот на Бешикташ Рамазан Дон со девет постигнати погодоци, додека кај Металург по пет постигнаа Анте Рокиќ и Марио Танкоски.
Металург после овој пораз останува на последната позиција во групата Ц со два освоени бодови после осум кола.