Летово, Лионел Меси ја напушти Европа и ја игра својата прва сезона во дресот на Интер Мајами, а на последното интервју зборуваше за периодот кога го носеше дресот на ПСЖ.
Сега во разговор со аргентинскиот комичар, Миге Гранадос, Меси откри дека само тој од аргентинските фудбалери во ПСЖ не добил признание за светската титула.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јас бев единствениот член на аргентинската репрезентација кој не доби специјално признание од својот клуб по освоената титула на СП во Катар. Немав најдобар период во ПСЖ, но станав светски шампион, па така секое лошо за добро.
Знам зошто фановите на ПСЖ ме исвиркуваа, бев дел од репрезентацијата која ги остави без мундијалски трофеј, тие по наша вина не станаа светски шампиони“, изјави Меси.