Новак Ѓоковиќ и понатаму е лидер на АТП листата и ја започна 361-та седмица како лидер.
Сепак предноста на Србинот е значително помала откако се избришаа 2.000 поени од минатогодишниот Австралија Опен. Во овој момент Ѓоковиќ е на 8.875 поени, додека Медведев е втор со 8.435 и ова е разлика која е достижна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И двајцата ќе настапуваат на турнирите во Дубаи и Акапулко и тоа ќе биде шанса за Медведев дополнително да се доближи или пак дури и да го симне Новак од тронот во зависност од резултатите.
На третата позиција и понатаму е Александар Зверев со 7.515 поени, четврти е Стефанос Циципас со 6.565, петти Надал со 6.515.