Шпанскиот тенисер Николас Алварез Варона дозволи целосно неверојатен пресврт и запиша пораз иако имаше шест меч-топки и водство од 5:0 во одлучувачкиот сет.
Светот на тенисот од време на време ни нуди неверојатни пресврти кои граничат со реалноста, а она што го направи Литванецот Вилиус Гаубас ќе остане долго запаметено во светот на тенисот.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Литванецот победи со резултат од 2:1 против Николас Алварез Варона во второто коло на АТП Челинџер турнирот на Тенерифе. Но, најбизарен беше начинот на кој дојде до победата.
Шпанецот водеше со 5:0 и 40:30 во одлучувачкиот сет. Гаубас успеа да го извлече, а потоа и да спаси четири нови меч-топки во следниот гем.
Сето тоа остана зад Гаубас, кој гем по гем се враќаше во натпреварот, за на крајот да спаси уште една меч-топка, вкупно шеста, при резултат 6:5 за Варона. Кога сето тоа го спаси, беше голем фаворит во тај-брекот.