
Лионел Меси повторно се наврати на спомените од разделбата со Барселона. Легендарниот поранешен фудбалер на Каталонците призна дека сакал да ја помине целата своја кариера во дресот на “блаугана”.
„Вистината е дека заедно поминавме многу, и добри и лоши моменти, нешто што е нормално за една долга кариера. Не е сè розово и има тешки времиња. Но тоа е мојот дом, моето место, моите луѓе. Со задоволство би ја поминал целата своја кариера таму, без да се преселам во друг клуб. И… би играл само таму, во Европа.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
За жал, работите се развија поинаку, но секогаш ќе ги чувам сеќавањата за сите моменти што ги поминавме заедно. И сум благодарен за тоа. Долго време не бев во Барселона, откако последен пат бев на стадионот. Мораше да го напуштам клубот без навивачи поради пандемијата, така што беше необична година. И, е, има толку многу прекрасни спомени, голема благодарност до сите кои учествуваа. И, се разбира, имам посебна љубов кон сите.
Се разбира, ќе се вратам. Ќе бидам на стадионот како секој друг навивач, ќе го поддржувам тимот, клубот, како само уште еден навивач. Во моментов, веројатно ќе бидам тука уште неколку години, но ќе се вратиме во Барселона, бидејќи, како што секогаш сум кажувал, тоа е моето место, мојот дом. Многу ни недостасува, така што дефинитивно ќе се вратиме таму“, коментираше Меси.