
Аргентинскиот ас и фудбалски “ГОАТ” Лионел Меси продолжува да ја фасцинира публиката и на своите позрели години. Тој беше апсолутен херој на Интер Мајами на нивното гостување против Орландо.
Екипата од Флорида успеа да издвои победа со резултат 4:2, благодарение на извонредната игра на Меси, кој постигна два гола и беше несомнено најдобриот играч на натпреварот.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Еден од двата негови гола беше постигнат од слободен удар.
Според информациите на Фабрицио Романо, Лионел Меси е четврти во фудбалската историја по бројот на постигнати голови од слободни удари.
Вкупната бројка на неговите голови од слободен удар во кариерата изнесува 70.
Над него се наоѓаат тројца Бразилци. Трет на листата е Жунињо со 72 гола од слободни удари, втор е Роберто Динамита со 75, а прв е Марселиньо Кариока со 78 голови.