Дома Фудбал Меси бил на чекор до враќање, Барселона дала „зелено светло“, но трансферот повторно пропаднал

Меси бил на чекор до враќање, Барселона дала „зелено светло“, но трансферот повторно пропаднал

Лионел Меси двапати доби „НЕ“ од Барселона, сите знаеме како се случи тоа летото во 2021 година кога мораше да замине, а сега е откриено дека и пред да отиде во Интер Мајами бил близу враќање.

Каталонски Спорт откри досега неоткриени информации за уште еден пропаднат договор меѓу Барселона и Лео Меси.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Според откриените информации, сè започнало во јануари 2023 година, кога Лионел Меси лично го повикал Чави Ернандес и му кажал дека сака да се врати. Барса во тој момент имала силен тим, бркала титула која и ја освоила по четири години.

Чави веднаш ја прифатил идејата да го врати Лео Меси и да му ги даде и минутите и улогата на теренот во својот веќе силен тим. Во следните недели, Чави и Меси биле во постојана комуникација, зборувале за тактиката и за улогата на Лео, а тогаш започнале и преговорите меѓу Жоан Лапорта и Хорхе Меси. 

Во април пристигнала клучната информација – Ла Лига ги одобрила сите детали од договорот и дала зелено светло за враќањето на Меси, а Жоан Лапорта го видел тоа како идеална можност да се извини за расплетот и неславното разделување со легендата две години порано.

И како тогаш пак сè пропадна? 

Да биде уште полошо за Лео, навивачите на Барса и Чави Ернандес, договорот бил подготвен. Меси требало да потпише двегодишен договор и Аргентинецот бил подготвен за враќање.

Но, неколку дена подоцна, Хорхе Меси го повикал Чави за да му соопшти дека Ла Лига променила некои услови кои Барселона не можела да ги исполни.

„Ми рекоа дека трансферот нема да се реализира, бидејќи Ла Лига ги промени условите и не даде зелено светло”, рекол Хорхе Меси.

Потоа, Лео не сакал повторно да чека, добил второ “НЕ” и засекогаш ги затворил вратите за враќање како играч. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик пред дербито со Челси откри кој е најдобриот напаѓач во последната деценија

Барселона ќе игра против Челси на „Стемфорд Бриџ“ во петтото коло од групната фаза на Лига…