Дома Останати Тенис Меншик со емотивни зборови кон Ѓоковиќ: Почнав да играм тенис поради тебе

Меншик со емотивни зборови кон Ѓоковиќ: Почнав да играм тенис поради тебе

Чешкиот тенисер Јакуб Меншик го освои мастерсот во Мајами откако во финалето го совлада Новак Ѓоковиќ во два сета (7:6, 7:6).

Феноменалната изведба на младиот Чех против својот идол му донесе прва мастерс титула во кариерата, додека Новак на 100-тиот јубилеј ќе мора да почека.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Меншик воопшто не се занесе во најголемата победа во кариерата. Напротив, голем дел од своето обраќање го посвети токму на Ѓоковиќ за кого рече дека е „најголемиот на сите времиња“.

„Новак, сите знаат дека си ти причината зошто сум овде. Те гледав додека растев. Почнав да играм тенис поради тебе. Не постои потежок предизвик за тенисер од тоа да те победи во финалето на турнир. Ти благодарам за сѐ што направи за овој спорт и за секој од нас. Ти си неверојатна личност – најголемиот на сите времиња“, кажа Меншик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Марка“: Ѓоковиќ стана непријател број „еден“ на Србија!

Србијаа, поточно нејзината влада и претседателот, повторно се на мета на негативна критика…