
Поранешната ѕвезда на Барселона, Гаизка Мендиета, смета дека легендарниот дефанзивец Серхио Рамос би можел да биде интересна опција за велшкиот Врексам, откако 39-годишникот го напушти мексиканскиот Монтереј. Рамос, кој со екипата на Реал Мадрид освои четири титули од Лигата на шампионите и пет шпански првенства, сега е слободен агент, а Мендиета објасни зашто проектот во сопственост на холивудските ѕвезди Рајан Рејнолдс и Роб Мекеленени би можел да го привлече.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
При разговорите за потенцијалната дестинација на поранешниот шпански репрезентативец, Мендиета го истакна Врексам како клуб чија приказна одекнува низ светот. „Врексам е голема и инспиративна приказна, го следевме дури и тука во Шпанија — тоа е романтична и глобална приказна. Да се има шпански играч таму би било уникатно, гледаме како тимовите потпишуваат играчи од различни земји, како Јапонија и други, за да создадат пазар таму“, изјави за Boyle Sports.
„Убеден сум дека Врексам го разгледал ова, би било фантастично да видиме шпански играч таму, а зошто да не Серхио Рамос? Се зборува дека сака да ја купи Севиља, но тој е слободен играч и се уште има желба да игра, па зошто да не. Тоа е опција“, додаде Мендиета.