Дома Моторспорт Мекларен се врати на врвот: Пјастри го урна рекордот на патеката во Кина

Мекларен се врати на врвот: Пјастри го урна рекордот на патеката во Кина

Оскар Пјастри дојде до својата прва пол-позиција во кариерата по фантастичното возење во Шангај. Младиот Австралиец беше најбрз во квалификациите и постави нов рекорд на патеката. Стартот од првата позиција ќе биде клучен со оглед на големите проблеми со деградацијата на гумите во спринтот.

Пијастри досега седум пати започнувал од првиот ред, но во Кина конечно ја освои својата прва пол-позиција со импресивно време од 1:30.641.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Неговиот тимски колега, Ландо Норис, заврши на третото место, додека помеѓу двата болида на Мекларен се пласира Џорџ Расел со Мерцедес.

Актуелниот шампион Макс Ферстапен ќе мора да се задоволи со четвртото место, откако не успеа да го пронајде темпото потребно за борба за врвот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

(Видео) Приватен авион на познат возач на НАСКАР се урна – има неколку загинати лица

„Дејли Мејл“ објави дека авионот Цесна С550 се урнала во близина на писта во Северна Карол…