Дома Останати Тенис Медведев ја уништи камерата, удираше со рекетот и беснееше – сега ја дозна казната!

Медведев ја уништи камерата, удираше со рекетот и беснееше – сега ја дозна казната!

Рускиот тенисер Данил Медведев ќе мора да плати казна од 76.000 долари поради недоличното однесување на Отвореното првенство на Австралија, каде што уништи една камера и ја прескокна попладневната прес-конференција. За време на мечот против тајландскиот тенисер Касидит Самреја (АТП-418.), петтиот светски тенисер ја оштети камерата на мрежата удирајќи ја со својот рекет повеќе пати.

Во четвртокот, Медведев ја прескокна прес-конференцијата по неочекуваниот пораз од Американецот Лернер Тиен (АТП-121.), во меч кој заврши во три часот по полноќ. Во текот на мечот, Медведев го фрли рекетот на рекламниот пано и се расправаше со судијата.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Пред овогодишното издание на Отвореното првенство на Австралија, каде беше елиминиран во второто коло, Медведев играше трипати во финалето на овој прв Гренд слем турнир од сезоната (2021, 2022, 2024).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Еден тенисер доживеа поголема трагедија од Димитров: Имаше 2-0 и четири поени го делеа од победа кога мораше да се откаже

Бугарскиот тенисер Григор Димитров синоќа го напушти осминафиналето на Вимблдон на драмати…