Лионел Меси и понатаму се опоравува од коронавирусот.
Од редовите од ПСЖ потврдија дека Меси ќе го пропушти и натпреварот против Брест.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меси веќе го пропушти натпреварот против Лион, а се зарази со коронавирусот кога замина на краткиот одмор за празниците во Аргентина. Фановите на ПСЖ му замерија што не ги почитувал мерките за заштита од клубот.
Сега Аргентинецот се чувствува подобро, а преку друштвените мрежи порача дека му е потребно повеќе време за враќање отколку што се очекуваше. Покрај тоа Меси додаде дека се радува на новите предизвици и со нетрпение чека да се врати.
Во првенството на Франција Меси сезонава собра само 11 настапи и оствари учинок од еден гол и пет асистенции.