Како што стојат работите, Аргентинецот Херардо Тата Мартино ќе биде новиот шеф на стручниот штаб на Интер Мајми.
Како што најавуваат аргентинските медиуми, Мартино и Интер постигнале договор и наскоро се очекува тој да го преземе тимот од Мајами.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Ако оваа вест се оствари тогаш тоа ќе биде третпат Меси и Мартино да соработуваат.
Првата соработка ја имаа во 2013 година кога ја водеше Барселона, но набрзо по заминувањето од Каталонија ја презеде англиската репрезентација со која не оствари некој поголем успех и најголемиот дострел му беше финалето во Копа Америка.