За голем дел од спортската јавност заедничката фотографија на Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ од авион беше изненадување.
Најголемите ривали со ист лет патуваа за Америка и таа прилика ја искористија за селфи кое го објавија на нивните Инстаграм профили.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Изненаден од ваквата фотографија беше и Данил Медведев кој тоа не го криеше.
„Пред се бев изненаден. Каде тргнале толку рано. На Индијан Велс? Тоа беше моето прво прашање. Зошто толку рано? Но, забавно е. Претпоставувам дека не разговарале пред да се најдат во ист лет, веројатно било изненадување и за нив. Кога ќе видиш друг тенисер во авион тоа е убаво изненадување, посебно ако сте ривали 20 години. Забавна е фотографијата, но исто така покажува каков густ распоред имаме“, изјави Медведев.
Надал пред Мастерсот во Индијан Велс ќе одигра егзибициски меч во Лас Вегас на 3-ти март против Карлос Алкараз.