Дома Фудбал Мбапе се доближува до рекордот на Роналдо во Реал Мадрид!

Мбапе се доближува до рекордот на Роналдо во Реал Мадрид!

Кристијано Роналдо во 2013 година воспостави импресивен рекорд постигнувајќи 59 голови за Реал Мадрид во сите натпреварувања, бројка која досега никој играч на “кралскиот клуб” не успеа да ја надмине.

Сепак, Килијан Мбапе е на добар пат да го промени тоа. Францускиот напаѓач со двата гола против Атлетик Билбао веќе достигна 56 голови во календарското година, со што значително се доближува до рекордот на Роналдо.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


За да го надмине рекордот, Мбапе му се потребни уште четири гола во преостанатите четири натпревари до крајот на 2025 година. Реал Мадрид ќе се соочи со Селта, Манчестер Сити, Алавес и Севиља пред зимската пауза.

Со сегашните 56 голови, Мбапе веќе го изедначи учинокот на Роналдо од 2014 година. Му недостасуваат два гола за да го достигне скорот на Португалецот од 2012 година (58 голови), но главната цел останува рекордот од 2013 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тренерот на Валенсија не штедеше пофалби за Димитриевски: Многу добар натпревар, не само поради пеналот (Видео)

Столе Димитриевски блесна во дресот на Валенсија во Купот на Шпанија, каде што неговите ин…