
Килијан Мбапе беше во фокусот на судска битка помеѓу него и клубот Пари Сен-Жермен. Откако во јули 2023 година одби понуда од саудискиот клуб Ал Хилал од 300 милиони евра, ПСЖ бара од него компензација од 180 милиони евра, за неостварен трансфер, изјавија адвокатите на клубот на суд во Париз.
Одговорот на европскиот првак на оваа ситуација дојде во форма на противтужба откако Мбапе побара 240 милиони евра, барајќи прекласификација на неговиот договор од времен на невремен, како и за психичките притисоци што ги доживеал во крајот на својот договор.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Оваа правна игра долго го заоструваше односот меѓу Мбапе и неговиот поранешен клуб. Во почетокот на сезоната 2023-24, напаѓачот беше надвор од првиот тим на ПСЖ бидејќи сакаше да го заврши договорот до летото 2024, исклучувајќи било какво продолжување.
Мбапе конечно беше вратен на терен веднаш по првиот натпревар од сезоната. Од ПСЖ тврдат дека ова враќање следеше по договор помеѓу двете страни, каде тој се откажа од дел од средствата за да се заштити финансиската ситуација на клубот.
Капитенот на француската репрезентација, кој летото 2024 се пресели во Реал Мадрид без трансфер такса, потрага 55 милиони евра задолжени бонуси и плати, тврдејќи дека нема договор со клубот за откажување од тие суми, според неговите блиски.
Адвокатите на Мбапе пресметале дека доколку договорот поприми форма на договор со неопределено време и ако се вклучи штетата, долгот на клубот кон играчот би можел да стигне до 240 милиони евра.
Судската одлука за овој спор се очекува по неколку недели.