Легендата на германскиот фудбале, Лотар Матеус жестоко го критикуваше Томас Тухел и Баерн Минхен по поразот од Леверкузен во дербито за викендот.
Леверкузен со убедливи 3:0 го победи Баерн во натпревар кој може да го одлучи шампионот во Бундеслигата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Победата на Леверкузен беше апсолутлно заслужено, Баерн немаше никакви шанси. Тешко ми е тоа да го кажам, но Баерн нема шанси да ја освои титулата во Бундеслигата. Ваква ситуација немало од поодамна. Бев изненаден кога видов дека Тухел не користи ѕвезди кои имаат днк на Баерн. Ако јас бев на негово место ќе се потрпев на Матијас Де Лихт, Џошуа Кимих и Томас Милер, посебно во натпреварот против Леверкузен“.
„Сигурен сум дека Леверкузен ќе биде шампион ако продолжи вака и тоа ќе биде и повеќе од заслужено. Сигурно дека по овој пораз во Баерн ќе има некои интерни разговори“, објави поранешниот фудбалер.
Матеус истакна и дека Тухел според него направил голем број грешки во натпреварот со Леверкузен.