Дома Фудбал Останато Maртинез нема дилеми: Рудигер намерно го повреди Де Брујн

Maртинез нема дилеми: Рудигер намерно го повреди Де Брујн

Манчестер Сити доживеа пораз од Челзи во големото финале во Лигата на шампионите. На „граѓаните“ како да им недостасуваше креација, а тоа најубаво можеше да се забележи кога Кевин Де Брујн беше приморан порано да го заврши натпреварот.

Белгиецот не можеше да го продолжи мечот после еден судир со дефанзивецот на „сините“ Рудигер.
Белгија ја чека Европското првенство, па оваа ситуација затоа ја коментираше и селекторот на оваа репрезентација Роберто Мартинез. За Мартинез нема дилеми дека Рудигер намерно го повредил Де Брујн.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Кога ја гледате снимката можете да видите дека Рудигер намерно го става рамото пред Де Брујн. За мене тоа е знак за употреба на прекумерна сила и нерпомисленост. Кевин не е од оние играчи кои паѓаат без причина. Доживеа голем шок и ќе видиме дали ќе биде спремен за Европското првенство“, изјави Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Аталанта не штедат: Платија 20 милиони евра за 17-годишник!

Онест Аханор е најновото засилување на Аталанта. Станува збор за фудбалер кој игра со лева…