Кевин Де Брујн можеби ја игра својата последна сезона во дресот на Манчестер Сити, а во медиумите веќе се појавуваат најави кој би можел да го замени.
Во последните седум години, Гвардиола покажа дека може без секого и успеваше да пронајде вистински замена. Но, многумина стравуваат дека Де Брујн ќе биде најтешко да се замени.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Веројатно свесен за тоа е и Пеп, па затоа сака големо засилување. Во прашање е Џамал Мусиала од Баерн Минхен.
Бројни извори говорат дека Пеп единствено Мусиала го гледа како адекватна замена за Белгиецот. Мусиала со Баерн има договор до 2026 година и ако не дојде до продолжување германскиот гигант би можел да го пушти за да не го изгуби без оштета летото кое следи потоа.
Сепак, треба да се потсети и дека договорот на Пеп завршува 2025 година, па не може да се каже со сигурност дека тој ќе биде тука.