Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов продолжуваат да добиваат големи задачи на Светското првенство во Полска и Шведска.
Сега македонските судиите ќе бидат на центарот на теренот во мечот помеѓу Франција и Шпанија. Ова ќе биде последен меч од главната рунда во групата 1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двете репрезентации имаат по четири победи на стартот од Мундијалот и победникот ќе стартува од првото место во четвртфиналето.
Натпреварот помеѓу Франција и Шпанија се игра во „Таурон Арена“ во Краков од 21:00 часот.