Maкедонските ракометари денес го одржаа првиот тренинг на фудбалскиот стадион „Меркур Шпиле арената“ во Дизелдорф кој сега е адаптиран за ракометен натпревар.
Фудбалската арена на која има поставено и дополнителни седишта ќе прими 55.000 навивачи на историскиот спектакл.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Задоволството што ќе бидат дел од ваков спектакл не го криеа и македонските голмани Маррко Кизиќ и Мартин Томовски.
„Сите сме навистина шокирани, ова ќе биде историски натпревар. Атмосферата е преубава и на празна сала, а сигурно дека ќе биде прекрасно и кога ќе биде исполнета. Со нетрпение го очекуваме натпреварот. Втор ден сме во Германија, и навистина сме повеќе од мотивирани за тоа што не очекува утре“, изјави Кизиќ.
Воодушевен е и Томовски.
„Прекрасно чувство, навистина сме изненадени. Чест и задоволство ќе ни биде да играме на овој стадион. На натпреварот против Франција ќе се пишува историја, а на нас ни останува да уживаме и достојно да ја претставиме Македонија“, дополни Томовски.