Македонската ракометна репрезентација со победа против Швајцарија го заврши настапот на Европското првенство и го поправи впечатокот од првите два меча. Во отсуство на повредениот Никола Митревски, Мартин Томовски доби шанса од првата минута и беше еден од најзаслужните за победата. „Не би се нарекол јас херој, туку тимот. Пресреќен сум за победата. Против лошите настапи во првите две кола …