Дома Македонски спорт Maкедонката руши рекорди: Сара Ристовска стана најдобар стрелец во историјата на ЦСКА Москва!

Maкедонката руши рекорди: Сара Ристовска стана најдобар стрелец во историјата на ЦСКА Москва!

Maкедонската репрезентативка Сара Ристовска испишува историја во ЦСКА Москва, таа сега е сопственик на два рекорди во рускиот гигант.

На последниот натпревар против Ростов Дон, Ристовска постигна пет гола и дојде до бројката од 475 со што стана најдобриот стрелец во историјата на овој тим. На врвот досега беше Антонина Скоробогаченко која постигна 473 гола.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Исто така Ристовска стана и ракометарката со најмногу настапи во дресот на ЦСКА Москва, досега одигра 152 натпревари.

Ростов Дон победи во тој натпревар против ЦСКА и го израмни резултатот на 1:1, третиот дуел кој ќе биде решавчки ќе се игра на 4-ти јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…