Дома Фудбал Репрезентации Maкедонија ќе мора да биде вакцинирана пред настапот ЕП?

Maкедонија ќе мора да биде вакцинирана пред настапот ЕП?

Македонија за два месеци ја очекува дебитантскиот настап на Европското првенство, а сега „Кориере дело Спорт“ објави дека УЕФА сериозно размислува за задолжителна вакцинација на сите репрезентации кои ќе учствуваат.

Од УЕФА прво најавија дека нема да има задолжителна вакцинација, меѓутоа во Нион го смениле мислењето и сега сериозно размислуваат за ваква опција.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Според информациите на „Кориере“ во Нион се водат сериозни преговори за да се воведе задолжителна вакцинација на сите фудбалери и членови на стручниот штаб на репрезентациите. На тој начин би се осигурало дека ниту еден член од 24. земји учесници нема да се зарази во текот на турнирот.

Во Нион натерани да го сменат мислењето биле од ситуацијата во репрезентацијата на Италија. Кај „Аѕурите“ се појавија повеќе позитивни случаи после последниот репрезентативен циклус, а помошник селекторот на Манчини, Даниеле Де Роси поради компликации беше хоспитализиран на институтот за инфективни болести во Рим.

Доколку ваквите најави се остварат УЕФА многу брзо треба да објави дополнителни детали околу вакцинацијата. Од официјалните податоци засега се знае само дека натпреварите ќе се играат пред публика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…