Македонецот Никола Секулов прикажува фантастични настапи во младинските категории на италијанскиот шампион Јувентус.
Секулов настапува за тимот на Јувентус до 15 години со кој стана шампион на Италија, но денес неговиот тим триумфираше и во Суперкупот.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Не само што стигна до трофејот, Никола беше стрелец на еден од погодоците во натпреварот против Парма (2:1), а на крајот го доби и признанието за фудбалер на натпреварот.
За младиот Никола ова беше посебен натпревар бидејќи претходно тој беше член на младинските категории на Парма.