Дома Македонски спорт Maкедонија без Трајковски против Финска и Азербејџан

Maкедонија без Трајковски против Финска и Азербејџан

Селекторот Благоја Милевски вчера го објави списокот на повикани фудбалери за натпреварите со Финска и Азербејџан.

Напаѓачот Александар Трајковски беше на списокот на Милевски, но сега пристигна информација дека поради повреда ќе го пропушти овој репрезентативен собир.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Александар Трајковски нема да биде во можност да се стави на располагање на тимот за подготовките и натпреварите на македонската А репрезентација против Финска и Азербејџан“, соопштија од федерацијата.

Стручниот штаб дополнително ќе одлучи дали ќе прати повик до друг фудбалер како замена за повредениот Трајковски. Во Скопје на 17. ноември прво гостува Финска, а три дена подоцна Азербејџан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во Велс не го кријат задоволството: Докажавме дека сме многу подобри од Македонија!

Македонската репрезентација доживеа вистински фијаско на гостувањето во Велс, загубувајќи …