
Фелипе Маса започнува правна битка поради скандалот од 2008 година, бара дури 82 милиони долари отштета поради познатата афера „Крашгејт“ која ја потресе Формула 1 во 2008 година.
Поранешниот возач на Формула 1 со 11 победи на Големите награди на 28 октомври ќе се појави пред Високиот суд во Лондон.
ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
Маса реши да покрене тужба поради коментарите на Берни Еклстон за германскиот F1 Insider во врска со инцидентот во Сингапур.
Да потсетиме, тимот на Рено тогаш му нареди на Нелсон Пикет Џуниор да се удри намерно во ѕидот.
Неговата несреќа предизвика излез на сигурносното возило, што му го отвори патот на Фернандо Алонсо кон победата.
Тој потег ги расипа шансите на Маса, а дополнителна штета донесе и големата грешка на тимот на Ферари во боксовите.
Бразилецот тврди дека без тој инцидент би ја освоил титулата наместо Луис Хамилтон.
Во разговор за “The Times” истакна колку му е важна одговорноста во спортот.
„Одговорноста е клучна за да се спречат идни измами,” порача Маса.
„Оние што се задолжени за заштита на спортот директно ги прекршиле своите обврски и не треба да профитираат од прикривањето на сопствените недела.
Таквото однесување е неприфатливо во било кој сегмент на животот, а особено во спортот кој го следат милиони, вклучувајќи и деца.
„Ќе ја бараме правдата до крај – за мене, за мото-спортот во Бразил и за спортот во целина,” истакна Маса.