Дома Фудбал Манчестер Сити договори две засилувања за јануари, ќе потроши 130 милиони евра!

Манчестер Сити договори две засилувања за јануари, ќе потроши 130 милиони евра!

Узбекистанскиот дефанзивец Абдукодир Хусанов (20) ќе се придружи на Манчестер Сити во трансфер вреден 50 милиони евра, а во редовите на Граѓаните треба да премине и Египќанинот Омар Мармуш (25).

Младиот 20-годишен стопер на Ленс ги договори личните услови со Граѓаните, а наскоро и клубовите би требало да го потврдат трансферот на фудбалерот кој го посакуваше и Реал Мадрид.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Пеп Гвардиола сака да го искористи зимскиот трансфер прозорец за да го врати тимот на Манчестер Сити на вистинскиот пат, и ќе донесе нови засилувања за да ја реконструира екипата.

Во исто време, египетскиот напаѓач Омар Мармуш ги договори личните услови за премин од Ајнтрахт Франкфурт во Манчестер Сити во трансфер вреден 80 милиони евра.

Како што објави угледниот германски новинар Флориан Плетенберг, одличниот Египќанец ќе премине веднаш во редовите на Граѓаните откако клубовите постигнат конечен договор.

Мармуш оваа сезона во Германија постигна 18 голови со 11 асистенции, додека 20-годишниот репрезентативец на Узбекистан, Хусанов, се покажа како еден од најдобрите дефанзивни играчи оваа сезона и во него во Сити гледаат голема перспектива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Брера доведе наследник на Михаилов!

Тони Атанасов (прв тренер) и Панче Стојанов (помошник) од Струмица ќе го предводат првиот …