Дома Фудбал Манчестер Јунајтед призна грешка и сака да ја поправи што побрзо, но ќе ги чини вистинско богатство

Манчестер Јунајтед призна грешка и сака да ја поправи што побрзо, но ќе ги чини вистинско богатство

Манчестер Јунајтед размислува за враќање на Скот Мектоминај кој моментално игра за Наполи. Англиските медиуми јавуваат дека клубот од Олд Трафорд сака да ја исправи грешката што ја направиле кога го продале, но тоа ќе ги чини значајна сума.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мектоминај под водство на тренерот Антонио Конте стана клучна фигура во Наполи. Неговата одлична форма оваа сезона привлече внимание од неколку големи клубови, меѓу кои и Манчестер Јунајтед.

Наполи постави цена од околу 60 милиони фунти, што ја одразува моменталната пазарна вредност на Мектоминај.

Оваа сума покажува колку е важен играчот за системот на Антонио Конте и како стана незаменлив во Наполи.

Јунајтед, кој бара засилувања во средниот ред, го смета Мектоминај за клучен играч за враќање на врвот. Неговото познавање на клубот и способностите на теренот би можеле да бидат пресудни за стабилизација на тимот.

Цената од 60 милиони фунти создава висока бариера, но Јунајтед е свесен дека враќањето на Мектоминај би можело да биде долгорочно исплатлива одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oва е идеалниот тим на Мундијалот, Возиња е иднината!

ФИФА ја состави најдобрата репрезентација на Светското првенство врз основа на гласовите н…