
Манчестер јунајтед го претстави своето прво големо засилување за следната сезона, а тоа е Матеус Куња од Вулверхемптон
Бразилскиот напаѓач, кој се издигна во еден од врвните напаѓачи во Премиер лигата и важен дел од репрезентацијата на Бразил, пристигна за околу 75 милиони евра.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Куња се врати од паузата за репрезентативните натпревари и утринава потпиша договор и беше претставен. За време на претставувањето, откри како во неговото тешко детство само неговата баба имала телевизор и сите се собирале кај неа за да гледаат Манчестер јунајтед и навиваат за него.
“Тешко можам со зборови да опишам како се чувствувам што станав играч на Манчестер јунајтед. Од малечок во Бразил, одевме кај баба за да гледаме натпревари од Премиер лигата, навивав за Јунајтед и сонував да носам дрес на овој клуб. Сакам да се заблагодарам на семејството и сите што ми помогнаа да го остварам сонот”, изјави Куња на претставувањето.
Тој вели дека е целосно фокусиран на враќање на Манчестер јунајтед а врвот на англискиот фудбал.
Спортскиот директор на Манчестер јунајтед, Џејсон Вилок, изјави дека доведувањето на Куња било главен приоритет на почетокот од летниот преоден рок./p>
Куња постигна 33 гола и забележа 15 асистенции во 90 натпревари за Вулверехмптон, а минатата сезона запиша 15 погодоци во Премиер лигата.