Дома Македонски спорт Мак фудбал Maкедонија им млад талент кој блеска во Австрија! (Видео)

Maкедонија им млад талент кој блеска во Австрија! (Видео)

Филип Маџурански е млад македонски фудбалер кој во овој момент живее во Виена и таму е веќе четири години. Првите фудбалски чекори Маџурански ги направил на петгодишна возраст во

Академија Постолов Пандев под водство на тренерот Борче Постолов, а таму се задржал седум години.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Кога е неговата кариера надвор од границите на Македонија во прашање настапувал за Виенер Неустат и Виенер Спорт клуб и во неговиот сегашен клуб Динамо Хелфорт каде што настапува во екипата до 18 години.

Негова позиција е офанзивен играч за врска (полушпиц), а во минатата сезона во кој настапувал во екипата до 16 години остварил учинок од 12 гола и седум асистенци. По добрите настапи таму добил шанса и во повозрасната генерација, но и вториот тим до 23 години.

Во генерација со играчи две-три години повозрасни од него, Меџуарски се изборил за стандардно место во тимот, а со неговиот тим успеал да стигне и до титулата со победа во последното коло од 3:1. Токму во последниот клучен натпревар се прикажал во одлично светло и изнудил пенал.

Паралелно македонскиот фудбалер добил шанса и во тимот до 23 години за кој и еднаш се запшал во листата на стрелци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…