Дома Македонски спорт Македонија за првпат едни квалификации за СП ќе дочека од третиот шешир!

Македонија за првпат едни квалификации за СП ќе дочека од третиот шешир!

Фудбалската репрезентација на Македонија со добриот настап во Лигата „Ц“ и петте победи во шест натпревари со едно реми си обезбеди и напредок во шеширите за квалификациите за Светското првенство во 2026.

За Мундијалот кој ќе се игра во САД, Канада и Мексико, Македонија ќе биде сместена во третиот шешир што значи дека ќе имаме две послабо рангирани селекции во нашата група.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од групите место на Мундијалот обезбедуваат само победниците, додека најдобрите четири второпласирани играат бараж.

Прв шешир: Франција, Шпанија, Англија, Белгија, Холандија, Португалија, Италија, Германија, Хрватска, Швајцарија, Данска и Австрија.

Втор шешир: Србија, Унгарија, Украина, Турција, Шведска, Велс, Полска, Словачка, Романија, Грција, Норвешка и Чешка.

Трет шешир: Шкотска, Словенија, Ирска, Финска, Грузија, Албанија, МАКЕДОНИЈА, Исланд, Босна и Херцеговина, Северна Ирска, Црна Гора и Израел.

Четврти шешир: Бугарија, Луксембург, Белорусија, Ерменија, Косово, Казахстан, Азербејџан, Естонија, Кипар, Латвија, Фарски Острови и Литванија.

Петти шешир: Молдавија, Малта, Андора, Гибралтар, Лихтенштајн и Сан Марино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Познато кој клуб ова лето понудил 250 милиони за Јамал

Барселона од година во година потврдува дека ја има една од најдобрите младински академии …