Даниела Алексовска донесе ново злато за Македонија на Европското првенство во ММА кое се одржува во Белград.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во финалето Алексовска беше подобра од Украинката Анастасија Хородовска. Македонската преставничка издоминира и брзо ја заврши борбата уште во првата рунда со еден маестрален зафат, триаголник со нозе.
Судијата по неколку секунди од момент ја прекина борбата, по што следуваше емотивно славје на Алексовска.
Претходно злато за Македонија донесе и Марко Трајановски.