Даниела Алексовска ја совлада Мина Хаѕопулу на ФНЦ 34 во „Борис Трајковски“. Соборување и серија удари на земја го решија дуелот во корист на Македонката.
Даниела Алексовска ја совлада Мина Хаѕопулу на ФНЦ 34 во „Борис Трајковски“. Соборување и серија удари на земја го решија дуелот во корист на Македонката.
Даниела Алексовска своето учество на Светското првенство го заврши во полуфиналната фаза, каде што беше поразена од Азербејџанката Нармин Алиева, па во Македонија се враќа со бронзен медал. Сепак, исходот на борбата донесе незадоволство во македонскиот табор, бидејќи победата на Алиева била обезбедена со недозволен потег. Незадоволството јавно го изрази тренерот на Алексовска, Ивица Алексовски. „Тоа што не го видовме …
Maкедонската ММА борачка Даниела Алексовска доживеа пораз во полуфиналето на Светското првенство каде што утрово се бореше против Нермин Алиева. Тргна агресивно Алексовска од самиот старт и може да се каже дека до моментот кога ја предаде борбата беше подобра од противничката. Зададе многу повеќе удари, но сепак Азербејџанката искористи едно невнимание на македонската претставничка и изведе зафат по кој …
Македонската ММА борачка Даниела Алексовска, која во февруари стана европска шампионка, утре ќе ја има својата нова голема битка – полуфинале на Светското првенство што се одржува во Тбилиси, Грузија. Нејзина ривалка ќе биде претставничката на Азербејџан, Нармин Алиева, а мечот е закажан за 9 часот наутро по македонско време. Алексовска во рингот влегува само две недели по последната победа, …
Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во мешани боречки вештини (ММА) кое ќе се одржи во Тбилиси од 27 септември до 2 октомври. Таа ќе се натпреварува во категоријата до 52,2 килограми, каде што во моментов зазема високо третото место на светската ранг-листа. Даниела своето место меѓу најдобрите го заслужи со освоениот златен медал …
Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска со стил стигна до голема победа на настанот „Армада 14“, што викендов се одржа во салата „Јане Сандански“ во Скопје. Таа ја совлада својата противничка од Молдавија, Флочеа Алида, уште во првата рунда, предизвикувајќи воодушевување кај публиката. Во завршницата од првиот период, Алексовска демонстрираше одлична техника и со прецизен зафат ја доведе Алида во безизлезна …
Овој петок, на 4 јули, во српскиот град Бачка Паланка ќе се одржи престижниот ММА спектакл ARMMADA 13, а особено внимание кај македонската јавност привлекува настапот на нашата европска шампионка во ММА, Даниела Алексовска. Таа ќе го има своето прво полупрофесионално појавување во кафезот, со што започнува ново поглавје во својата боречка кариера. Противничка на Алексовска ќе биде исклучително искусната …
Освоеното Европско првенство на Даниела Алексовска во јуниорск конкуренција во категоријата до 52.2 килограми не помина незабележан од страна на Меѓународната ММА федерација. По завршеното првенство кое Алексовска го освои таа е рангирана како трета во светот во својата возрасна граница. Златниот медал во Белград беше доволен зад себе Алексовска да освои повеќе конкурентки и така дојде до топ 3. …
Даниела Алексовска донесе ново злато за Македонија на Европското првенство во ММА кое се одржува во Белград. Во финалето Алексовска беше подобра од Украинката Анастасија Хородовска. Македонската преставничка издоминира и брзо ја заврши борбата уште во првата рунда со еден маестрален зафат, триаголник со нозе. Судијата по неколку секунди од момент ја прекина борбата, по што следуваше емотивно славје на …
Македонската ММА борачка Даниела Алексовска обезбеди место во финалето на Европското првенство кое се одржува во Белград, откако во полуфиналната битка славеше против Израелката Рути Розмарин. Алексовска доминираше во текот на целиот меч, покажувајќи одлична тактичка подготвеност и борбен дух. Сите три рунди беа во нејзина корист, а судиите едногласно ја прогласија за победник по поени, нагласувајќи ја нејзината супериорност …
Кучо Ернандез ги постигна двата гола во победата на Реал Бетис од 2-0 кај Слован Братислава. Шпанскиот тим стигна до 12 бода од пет натпревари во Лигата на шампионите.