Бразилскиот фудбалер Марсело во Реал Мадрид стигна летото 2007 година и со „кралевите“ освои се што можеше да се освои.
За многумина Марсело е најдобриот лев бек во светот. Тој скоро целата кариера ја помина во Мадрид каде што дојде од Фламенго во 2007 и тоа се покажа како фантастичен потег на раководството на клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
31 годишниот Марсело има договор со Реал до 2022 година и во последно време многу се шпекулира дека може да си замине. Марсело често пати се поврзуваше со Јувентус, но тој сега се огласи и ги демантираше сите такви најави.
„Не сакам да заминам и не верувам дека Реал сака да ме продаде. Ова е неверојатна приказна бидејќи сум тука многу долго време, направив многу. Добро е кога други клубови се интересираат за вас, меѓутоа мојот став е јасен и тоа е останување во Реал Мадрид“, изјави Марсело за потоа малку да се пошегува во врска со шпекулациите дека оди во Јуве.
„Па пред две години потпишав за Јувентус и го облеков нивниот дрес затоа што медиумите пишуваа дека не можам да живеам без Роналдо. Луѓето навистина многу измислуваат“, низ смеа заврши Марсело.