Дома Фудбал Италија Maлдини: Ибрахимовиќ се плаши да се врати во Милан

Maлдини: Ибрахимовиќ се плаши да се врати во Милан

Златан Ибрахимовиќ ја заврши својата втора сезона во американската МЛС лига со поразот на Галакси од Лос Анџелес ФК со 5:3.

Со тоа контроверзниот Швеѓанец според многумина се прости од американскиот фудбал бидејќи многумина очекуваат по завршувањето на договорот да се врати во Европа.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Помеѓу опциите за враќање во Европа се споменува и Серија А. Милан, Наполи и Болоња се споменуваа како потенцијални негови клубови.

За можноста да се врати во Милан сега зборуваше Паоло Малдини.

„Враќањето на Ибра би било како сон од повеќе причини, но мислам дека се плаши да се врати затоа што нема да биде стариот Ибра. Се сеќавам како ми беше мене кога Анчелоти ме стави на клупа во еден дерби натпревар, тогаш сфатив дека не сакам да имам таква сезона. Мислам дека и Ибра не би сакал“, изјави Младини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ го прегази Реал Мадрид за пласман финале

Европскиот клупски шампион Пари Сен Жермен го победи со 4:0 Реал Мадрид во второто полуфин…