Барселона се соочи со проблеми со повредени играчи па Роналд Куман мораше да го прекомандува Оскар Мигуеза во првиот тим.
Навивачите секако стравуваа како ќе изгледа одбраната со 22 годишниот Мигуеза, а тој засега работата си ја врши одлично. Статистиката покажува одлични бројки во корист на младиот дефанизвец.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Имено, откако тој почна да игра во одбраната Барселона не примила ниту еден гол и постигнала 11. Во три натпревари Барса го победи Динамо Киев со 4:0, Осасуна со 4:0 и Ференцварош со 3:0.
Коментарите за младиот Мигуеза се одлични, навивачите го фалат дека знае одлично да ја чита играта. Очигледно на најдобар можен начин ги искористи проблемите во одбраната на Барселона.
Кога Мигуеза игра вака ќе видиме каква ќе биде ситуацијата кога ќе се вратат Араухо и Пике, Куман ќе биде на слатки маки.
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!