Репрезентацијата на Македонија на фудбалери до 17 години запиша убедлив пораз од Шпанија во претквалификациската група за пласман на Европското првенство.
Откако претходно бевме поразени од Словачка во првото коло со 4:0, сега Шпанија ни даде пет гола, а повторно ние не постигнавме гол. Со овој пораз македонските надежи ги загубија и така малите шанси за едно од двете водечки позиции за пласман во елитната фаза од квалификациите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Победата на Шпанците во денешниот натпревар ја најавија Винета Пуенте и Пол Дуран уште во 5. и 8. минута. До крајот Пуенте постигна уште два гола, а еден беше дело на Фернандез Дуран за конечниот убедлив пораз.
Во последното коло од претквалификациите Македонија ќе игра против Малта за избегнување на последното место во групата.