Дома Македонски спорт Мак ракомет Maкедонската кошарка доби нов партнер

Maкедонската кошарка доби нов партнер

Македонската кошаркарска федерација ја продолжува соработката со сериозни компании кои ќе помогнат за уште подобри услови на функционирање на сите активни чинители во кошаркарскиот спорт во Македонија.

Како дел од планираните активности, денеска, беше официјализиран и договорот за партнерство со компанијата „КРИО.МК“ од Скопје.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Кошаркарската федерација ја продолжува со соработка со сериозни компании кои ќе помогнат за уште подобри услови за кошаркарите и за клубовите, пред се и репрезентацијата. Среќен сум што потпишавме договор со компанијата „Крио.мк“ на чело со Бранко Стојановски и што тој, со неговата компанија ќе биде дел од Федерацијата Сигурно е дека со машините кои тој ги нуди, ќе се донесе голема помош за кошаркарите“- потенцираше претседателот на федерацијата, Перо Антиќ. „Со овие терапии лично се запознав во НБА-лигата, бев изненаден кога ќе се влезе дека беше ладно, но чувството по еден третман е одлично, како да не си тренирал. Ние од постарата генерација бевме навикнати на други третмани, но како одминува времето, така технологијата оди напред. Затоа ние ќе мора да направиме подобри услови“.

Новиот партнер на нашата федерација, Бранислав Стојановски, и неговата компанија „КРИО.МК“ од Скопје, на прес-конференцијата всушност ги потврди заложбите на првиот човек на нашата кошарка:

„Чест е и задоволство да се биде партнер и спонзор на Кошаркарската федерација. Се надеваме на поголеми успеси на спортистите, да им овозможиме добро и квалитетно заздравување, ќе им овозможиме најсовремена апаратура за пост-повреда, по тешки тренинзи и слично, со кои, се надевам ќе постигнат подобри резултати. Членови сме на други Федерации, исто како што работиме таму ќе работиме и тука. Ќе работиме да ги едуцираме сите како да ги користат сите услови“.

Стојановски се обиде да го објасни начинот на функционирање, и кои се бенефитите од методите кои ги спроведува „КРИО.МК“.   

„Ова се специјални машини кои работат на минусни температури. Докажано е дека ладните бањи или кади, дека се совршени пост-тренинг, но овие што работат на -160 степени се подобри за детална регенерација на клетки митохондри. Тоа значи како играчот да немал тренинзи и напад претходно и веднаш може да продолжи со истиот напор и тренинг од претходно.

Имаме и други апаратури кои ги користиме. Тоа се ‘Норматек’, за спортска масажа, ‘Инфраред’ зрачење, нешто што во моментов е најважната алатка во борбата за заздравување. Имаме и локално ‘крио’ коешто се надевам дека нема да имаме проблеми со спортистите. Тоа е за локализирање на повреда на раце, нозе или зглобови, само што се нанесува локално. Имаме голем пристап кон заздравување, пост-заздравување и што треба да се прави во домашни услови“- истакна Стојановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Еурофарм Пелистер ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Висла

Oд редовите на Еурофарм Пелистер објавија дека од денеска стартува продажбата на билети за…