Дома Фудбал Останато Maрадона за Занети: Ги мразам таквите луѓе!

Maрадона за Занети: Ги мразам таквите луѓе!

Легендарниот Диего Марадона испрати жестоки критики кон легендата на Интер, Хавиер Занети кој сега е потпретседател на клубот од „Џузепе Меаца“.

Занети скоро целата своја кариера ја помина во дресот на Интер, а откако заврши со играњето фудбал одлучи да остане во клубот и во овој момент е потпретседател.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Марадона за италијанските медиуми јавно порача дека го нервира Занети со неговиот став и однесување.

„Секогаш се нуди да работи се што му треба на Интер. На Интер му беше потребен потпретседател и веднаш беше прв, потребен им беше кондиционен тренер, повторно беше тука. Ако им биде потребен резервен играч, можеби и би ја прекина пензијата. Едноставно не го сакам таквото однесување кога луѓето си го „пикаат носот“ секаде. Ги мразам таквите луѓе“, изјави Марадона.

Занети во Интер одигра повеќе од 600 натпревари и постигна 12 погодоци, со што се доби статус на вистинска легенда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Уште едно изненадување од Милан, со Модриќ доаѓа и неговиот соиграч

Лука Модриќ е пред потпис со Милан и сè би требало да биде официјално наредната седмица, а…