Дома Фудбал Англија Maнчестер Сити и без Халанд му даде четири гола на Ливерпул 🎥

Maнчестер Сити и без Халанд му даде четири гола на Ливерпул 🎥

Maнчестер Сити во дербито на Премиер лигата против Ливерпул денес во терминот од 13:30 часот славеше победа со 4:1.

Ливерпул добро го започна натпреварот и по 17 минути по една грешка во одбраната на Сити дојде до водство од 0:1. Сепак, Манчестер Сити со фантастична акција десетина минути дојде до изедначување со голот на Алварез.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На пауза се замина со по еден гол на двете страни, за потоа во вториот дел Сити да постигне три гола со кои ја обезбеди победата.

Кевин Де Брујн само што започна вториот дел уште во 46-тата минута погоди за 2:1, а седум минути подоцна Гундоган зголеми и на 3:1. Грилиш во 74-тата минута ги постави конечните 4:1.

Со овој триумф Манчестер Сити дојде на минус пет бода во однос на лидерот Арсенал, додека Ливерпул останува петти со четири бода помалку од четвртопласираниот Њукасл кој утре игра со Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Момент кој стана вирален: Погледнете како Гвардиола му фаќаше сеир на Арсенал (Видео)

Со победата на Манчестер Сити против Арсенал во дербито на првенството, тимот на Пеп Гвард…