Македонскиот дефанзивец Ристо Митревски во договор го раскина договорот со Алашкерт.
Причината поради која Митревски си заминува од Ерменија е воената состојба околу областа Нагорно Карабах и поради спортот е стопиран.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Митревски раскинувањето на договорот го потврди на социјалните мрежи.
„На клубот му посакувам се најдобро, прво ситуацијата во државата да се смири и да се врати во нормала“, стои во објавата на Митревски.
Во Алашкерт Митревски дојде пред седум месеци од редовите на Енозис.