Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Maкедонија – Украина, натпревар како финале за двете селекции!

Maкедонија – Украина, натпревар како финале за двете селекции!

Македонија во четврток ќе го одигра вториот меч на ЕУРО 2020 и тоа против Украина.  Мечот се игра во најраниот термин, со почеток од 15:00 часот по македонски време, повторно на Арена Наполитана во Букурешт.

Украина го одигра најтешкиот меч, оној против Холандија и загуби со 3:2, а загуби и Македонија од Австрија со 3:1, па сега овој меч и за двете репрезентации е да се биде или не на ова ЕУРО, меч кој е од одлучувачка важност и за едните и за другите.

Да се заборави дуелот со Австрија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонските репрезентативци мораат да го заборават првиот историски меч против Австрија. Имаше разочарување после тој пораз, но тоа не беше воопшто потребно. Македонија не разочара, а Австрија само поради искуството и среќата славеше со 3:1. Македонија се држеше добро речиси 70 минути, а за тоа време австријците имаа едвај неколку обиди за гол. И Македонија не се изнаигра пред противничкиот гол, но изгледаше сигурно во сите линии.

Можеби изненадување за Македонија беше пресингот на Австрија и тоа може да се окарактеризира како пресуден потег за победа. Немаше Игор Ангеловски решение за тој пресинг. По секој добир на топка на наш фудбалер, кон него трчаа барем двајца австријци и беше тешко да се организира мирен напад, нешто на кое се навикнавме во изминатиот период. Сега, против Украина и да се повтори таа игра, би требало да имаме спремно решение.

Меч кој е како финале за Македонија

Овој дуел е како финале за Македонија и тоа е повеќе од јасно, а тоа го потврди и самиот селектор:

„Дојдовме на ЕУРО со цел да се пласираме во втората фаза и таа фаза за нас е активна. Имаме пред нас ривал кој исто така има нула бодови, што значи дека ова за нас е финале. И да не успееме нема да биде трагедија, а нормално дека ќе дадеме се од себе. Украинците се квалитетни, тоа го покажаа и против Холандија. Имаат одлични индивидуалци, но и ние имаме квалитет и покажавме дека можеме да се носиме со сите“, изјави селекторот Ангеловски.

Доколку Македонија загуби, ќе остане само со теоретски шанси за пласман во следната рунда. Ќе треба да слави над Холандија и да се надева дека ќе заврши трета. Но и во тој случај, ќе треба да ни одговараат и резултатите од другите групи. Ако славиме победа, ќе имаме три бода, но речиси сигурно ќе бидеме трети и со тоа ќе имаме од старт поголеми шанси за прогрес без разлика на резултатот од последниот меч со Холандија.

Украина одигра одлично со Холандија

Украина загуби од Холандија и тоа беше сосема очекувано. Она што не беше очекувано, е нивното брилијантно враќање во мечот. Холандија водеше со 2:0, а Украина за само четири минути постигна два гола. Сепак, не издржаа до крај за конечен пораз од 3:2 во Амстердам.

Тој меч покажа дека Шевченко има одлични фудбалери и знае што прави. Искрено, откако импресивно ја минаа квалификациската група пред Португалија и Србија, што и да е друго освен пласман во следната фаза на ЕУРО 2020, ќе се смета за неуспех.

Доколку ЕУРО 2020 не беше одложено, веројатно Украина ќе имаше поголеми шанси за успех. Сепак, изминатите 12 месеци беа разочарувачки. Испаднаа во Лигата на нации и имаа неколку киксови со послаби селекции. Се на се, тие беа во серија од седум меча без победа и имаа четири ремија по ред пред подготвителните натпревари. Тоа би требало да е шанса за Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Познато што го убедило и зошто Гвардиола го продолжи договорот со Манчестер сити

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …